Изјава за нападот на ЛГБТ активисти во Македонија од IGLYO
24 Април 2013
Меѓународната Лезбејска, Геј, Бисексуална, Трансродова и Квир Младинска и Студентска Организација (IGLYO) силно ги осудува нападот и заканите кон ЛГБТ активисти во Македонија.
Активитите од ЛГБТ Јунајтед, организација членка на IGLYO, поставуваа постери за човековите права на ЛГБТ луѓето и се прошетаа со знаме виножито во градот Битола во склоп на проектот „Граѓанска иницијатива за ЛГБТ права“. Три активисти беа иссмевани и насилно нападнати од седуммина личности. Постерите кои промовираа еднаквот, недискриминација и ненасилност беа насилно конфискувани. Трите активисти беа иссмевани, туркани, плукале по нив и биле удирани со раце и постерите по нивните лица и глави. Додека пробувале да се јават за помош за време на нападот, на протестерите/ките им се заканувале дека ќе ги убијат. Насилниот чин бил веднаш пријавен во локалната полиција во Битола.
IGLYO се екстремно загрижени поради смртните закани кои беа искажани на Фејсбук страната на ЛГБТ Јунајтед. Три активисти се јасно распознатливи на фотографии направени за време на јавите активности. Овие фотографии се пуштени по разни Фејсбук страни низ Македонија.
IGLYO го повикува Министерството за Внатрешни Работи и Полиција да ги пронајдат напаѓачите и да ги изведат пред суд како и да се обезбеди сигурноста на ЛГБТК активистите за човекови права. IGLYOја повикува македонската Влада јавно да го осуди насилството и говорот на омраза насочен кон ЛГБТК луѓето.
IGLYO би сакале да ги потсетат македонските власти за Извештајот за влез во Европската Унија од 2012 за Макдонија, која е земја кандидатка за ЕУ. Извештајот вели дека законот за антидискриминација сеуште не е во согласност со законодавството, правните акти и судски одлуки на ЕУ и ја изоставува сексуалната ориентација како основа за дискриминација. Исто така ја повикуваме македонската Влада да го поправи овој закон за да се израмни со законодавството на ЕУ.
За повеќе информации ве молиме контактирајте го наштиот Одговорен за Комуникации Патрик Демси на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
http://www.iglyo.com/2013/04/24/iglyo-statement-on-attack-on-lgbt-activists-in-macedonia
Повторно насилство врз активисти за човекови права, сега во Битола!
Повторно насилство врз активисти за човекови права, сега во Битола!
До кога ЛГБТ активистите во Македонија ќе бидат жртви на насилство и говор на омраза?
На 20.04.2013 активисти од „ЛГБТ Јунајтед“ и Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“ спроведуваа јавни активности во Битола, во рамките на проектот „Граѓанска иницијатива за ЛГБТ права“. Активистите за човекови права лепеа постери со промотивна содржина за човековите права на ЛГБТ лицата, и прошетаа низ „Широк Сокак“ со знаме во боите на виножитото.
Веднаш по напуштањето на прометниот „Широк Сокак“, пред хостелот „Дајмонд“, активистите биле прво нападнати од четири лица, а подоцна им се придружиле уште тројца насилници. Постерите во кои се промовира еднаквост, недискриминација и ненасилство, биле насилно одземени. Тројца активисти биле омаловажувани, плукани, туркани, удирани со шлаканици по лице и со постерите по глава.
Откако една активистка викнала „Не го удирај“, добила закани и одговор: „За педери постери ќе лепите во Скопје, тука во Битола не!... Ќе ве претепам, пренеси им на сите! Дошле еднаквост да бараат во Битола?!“ Кога еден од нападнатите активисти се обидол преку телефон да побара помош, еден од насилниците му го одзел телефонот од рака и му се заканил со зборовите: „Ќе те распарам!“. Насилниците ги одзеле постерите, телефонот го фрлиле на земја и заминале.
Повеќе...Парада на гордоста
Зошто се организираат Парадите на гордоста? Зошто ЛГБТ лицата имаат потреба да парадираат?
„Прајд” всушност претставува своевидно сеќавање на 28 јуни 1969 г. и т.н. Стоунвалски бунт во Гринич Вилиџ кај Њујорк, кога за прв пат во историјата, ЛГБТ лицата, потпомогнати од либералните “стрејт” клубови започнале физички отпор поради малтретирањето од страна на полицијата, која приведувала лица само заради нивната сексуална ориентација. Од тогаш, тој ден, исто како и 1 мај или 8 март, се одбележува како ден за борбата на правата на лицата со поинаква сексуална ориентација од хетеросексуалците.
Како што геј движењето забрзано се развиваше и како што многу нивни права беа остварени во меѓувреме (т.е. изедначени со правата на хетеросексуалците), пред сè, во Европа и Америка, манифестацијата во поголемите центри добива комерцијален карактер и се претвора во Парада на гордоста - забавна манифестација која и понатаму ги истакнува спецификите на хомосексуалната ‘’поткултура”, во нејзината разноликост: од геј политичари до drag queen перформерки. Гордоста овде, пред сè, претставува гордост заради храброста во борбата за своите права, како и одговор на омаловажувањето од патријархалната средина, а не гордост заради сексуалната ориентација како таква -таа напросто варира од лице до лице и нема никаква априори негативна или позитивна вредност.
Во Македонија, сеуште не постои "геј парада" во оваа форма затоа што тоа е специфично западно искуство, кое се појавило во одредени историски околности, долго се развивало и менувало,додека во Балканот парадите првенствено имаат политичко значење и се организираат како протестни маршови.
Второ, се користат основните права загарантирани со Уставот, слободата на собирање и протест - протестирање со цел да се потенцира дека дискриминацијата спрема ЛГБТ луѓето сеуште е присутна, барајќи нејзино укинување.
Трето, самиот настан е дел од борбата за ЛГБТ рамноправност. Никогаш не е доцна да се започне борбата против дискриминацијата и нетолеранцијата. Самиот протест треба да биде дел од преземените чекори и основа за создавање на услови за толеранција. Ако стоиме и чекаме нештата сами да се решат, нема ништо да постигнеме - политичката историја ни покажува дека маргинализираните групи секогаш морале да се борат за изедначување на своите права. Жените и припадниците на црната раса се добри примери за тоа.
Парадите на гордоста се манифестации кои ги загрозуваат правата на мнозинството кое се бори против хомосексуалноста?
Кое право на мнозинството е загрозено?! Ниту едно. Од друга страна, правото на слобода на здружување е загарантирана со Уставот, а редовно протестираат различни групи на луѓе - од бегалци, до жени, до работници. Протестот е, според тоа, легална и легитимна форма на борба на оние кои се загрозени, а притоа не загрозува никого, затоа што не ги дискриминира другите, туку бара одбрана од дискриминација. Мнозинството има право да се спротивстави на хомосексуалноста, но со тоа не може и не смее да ги загрози човековите права на другите граѓани и да ја ограничи со закон пропишаната слобода апликативна за сите.
Парадата на гордоста го навредува јавниот морал?
Нема ништо неморално во протестот кој бара елиминација на дискриминацијата, обезбедува правила и ограничувања на однесувањето во јавноста (на кои ќе се придржуваат самите организатори), бидејќи тој е во согласност со законот. Размената на нежност и бакнежи, која секојдневно ја гледаме кај хетеросексуалните парови во јавноста на нашата заедничка култура на ниеден начин не го прекршува моралот, тогаш зошто истите постапки кај хомосексуалците би биле неморални? Тоа што не е во ред тука е што им се одзема слободата на хомосексуалците поради дискриминацијата и често во вакви случаи, вербалните навреди завршуваат со физичка агресија.
Зошто ЛГБТ заедницата инсистира на организирање на Парада кога таквите паради се небезбедни и често доаѓа до насилство?
Апсолутна сигурност не постои никаде, па и при вакви настани или собири од сличен тип, како и други протести, концерти и слично. На крајот на краиштата, самите луѓе кои доаѓаат преземаат одговорност за нивната безбедност претходно знаејќи дека се работи за ризичен собир. Сепак, свесни за тоа, организаторите во соработка со полицијата и приватното обезбедување, ќе направи сé за секој да биде безбеден и неповреден. Овие припреми се суштински дел од одбележувањето на Денот на гордоста, на кои сериозно и темелно се пристапува неколку месеци однапред, со пратење на тековните политички настани и со постојано проценување на безбедносната ситуација. Ако е значително компромитирана, манифестацијата ќе се помести за тогаш кога официјалните власти и организаторите ќе проценат дека соодветните услови се исполнети. Безбедноста на учесниците е на прво место и никој не може да тврди поинаку.
Зошто хетеросексуалните лица не парадираат?
Затоа што нивните права на основа на таа одредена лична природа не се загрозени. Хетеросексуалноста е насекаде околу нас, мнозинството не е загрозено затоа што е претежно составено од хетеросексуалци. Ако сакаат, хетерсексуалните лица би можеле да организираат сличен собир и никој нема да ги спречува во тоа, ниту законот ниту ЛГБТ популацијата и поединци. Формални пречки во таа смисла, нема.
Врховниот Суд го заврши првиот дел од расправата за еднополовите бракови
Врховниот Суд го заврши првиот дел од расправата за еднополовите бракови .
Деветте судии во Врховниот Суд во Вашингтон денеска ја заврши расправата за еднополовите бракови,која се одвиваше во присуство на стотина подржувачи и противници на еднополовите бракови.Врховниот Суд ја отвори оваа дебата апропо барањето од сојузната држава Калифорнија , за забрана на истоловите бракови .Оваа држава иста ваква забраната на истополовите бракови донесе во 2008.
На крајот на расправата и ислушувањето на сите аргументи судиите ќе донесат одлука за уставност на поднесеното барање од Калифорнија т.н. proposition 8 или популарно prop 8 до крајот на Јуни.
Стотина подржувачи на истополовите бракови,кои беа облечени во црвено и имаа со себе транспаренти "Еднаквост за Бракот" се собраа пред судот на иницијатива на коалицијата "Respect for Marriage"(Почит кон бракот)која е сочинета од 100 студентски,професионални и граѓански здруженија.

Неколку десетици метри подалеку се собраа подржувачите на традиционалните бракови ,кои кренаа во Марш за бракот ,облечени во боите на Американското знаме на иницијатива на конзервативните,политичките или здруженијата за семејството-пишува агенцијата АФП.
Утре судот ке расправа за законот ДОМА ( The Defense of Marriage Act,) кој Конгресот го донесе во 1996 ,а го потпиша тогашниот претседател Бил Клинтон.Овој закон на хомосексуалните партнери ги укинува можностите кои хетеросексуалните партнери ги уживаат како што се: автоматско наследување.
Хрватска има шанси да има за прв пат геј активист на висока политичка функција!
Хрватска има шанси да има за прв пат геј активист на висока политичка функција! Дамир Хршак , организатор на првата парадата на гордоста во Загреб, иницијатор на ИСКОРАК, член на организацискиот одбор на Загреб Прајд 2012 год,кандидат на изборите за ЕвропскиотПарламент.
